Раул Гонзалез за жал повеќе нема да биде тренер на нашиот тим Вардар. Шпанецот во едно многу емотивно интервју за СЕХА-лигата говори за својот престој во Скопје, за прекрасните години поминати во Македонија и слично.

„Кога дојдов овде имав поддршка од сите, од публиката, од клубот, од навивачите, од играчите. Ми беше чудно, бидејќи во Шпанија не е така. За разлика од Македонија, во Шпанија ракометот не е толку важен. Овде е прв спорт и тоа е голема разлика. Во Шпанија, 2-3 новинари ќе се појават на тренинг или на прес-конференција, а овде секој сака ракомет, сите живеат за тоа. Убаво е кога ќе видите полна сала, постојано навивање. Тоа е убавината на спортот. Во Шпаниа можам да одам каде што сакам и никој нема да знае дека сум ракометен тренер, а овде е различно, секој сака да се фотографира, да зборува со вас“, рече Гонзалез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Поранешна ракометна репрезентативка вмешена во криминал со вадење лични документи!

Поранешна истакната македонска ракометарка од Скопје, заедно со двајца полициски службениц…