Скоро и да немаше никакви дилеми – навивачите го избраа голот на сезоната.
Посетителите на УЕФА сајтот го избраа голот на Кристиано Роналдо во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите од минатата сезона против неговиот сегашен клуб Јувентус за најубав во сезоната 2017/2018.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дилеми скоро и да немаше, а и како би имало кога Португалецот со тие ножички го постигна веројатно неговиот најпознат гол во кариерата. Го натера целиот стадион да му аплаудира. Денови потоа комплетниот фудбалски свет зборуваше за неговото мајсторство, па во анкетата во која учествуваа 346.915 фудбалски фанови скоро 200.000 гласаа за голот на новата ѕвезда на Јувентус.
Јасно беше дека Димитри Паје и неговиот убавец во полуфиналето од Лигата на Европа помеѓу Марсеј и Салцбург немаат шанси, како и шутот на репрезентативката Ева Наваро во натпреварот со Германците. Французинот го освои второто место, а Шпанката третото.