Дома Фудбал Италија ГОЛ-МАШИНА: Лука Тони пред повеќе од 10 години, па вчера Чиро Имобиле!

ГОЛ-МАШИНА: Лука Тони пред повеќе од 10 години, па вчера Чиро Имобиле!

Неверојатни бројки на напаѓачот на Лацио оваа сезона.

Во вчерашната победа на Лацио над Стеауа, Чиро Имобиле беше вистински херој на својот тим. Имобиле постигна хет-трик и стана првиот Италијанец кој постигнал хет-трик во Европа уште од Лука Тони во 2007 година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Интересно, на пет одиграни натпревари во ова натпреварување, Имобиле постигна исто толку погодоци, а иста е ситуацијата во Серија А.

Во домашното првенство, Имобиле во овој момент е прв стрелец со 22 погодоци на исто толку натпревари.

Доколку се гледа голгетерското салдо во досегашниот дел од сезоната Имобиле има ист број на постигнти погодоци и одиграни натпревари 31/31.

На отварањето на сезоната постигна два гола против Јувентус за освојување на Суперккупот на Италија, а два пати беше стрелец и во Копа Италија каде што одигра три натпревари.

Со еден збор, гол-машина!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лука Јовиќ изненади, ќе игра во Мексико

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе ја продолжи својата кариера во Крус Асул, тврди шпанскиот в…