Бразил во Порто Алегре го победи Еквадор со 2:0, а гол и асистенција во овој натпревар забележа Нејмар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во натпревар во кој во првото полувреме не видовме погодоци отпорот на Еквадор беше скршен во 65. минута. Нејмар го проигра Ричарлисон, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелци од пенал.
Нејмар пеналот го реализираше од вториот обид. Во првиот голманот на Еквадор одбрани, но ударот беше повторен затоа што предвреме ја напушти гол-линијата. Во вториот обид Нејмар беше прецизен.