Првиот голман на црногорската репрезентација, Небојша Симиќ сериозно се повредил на тренинг воочи патот за Загреб и нема да настапи на Европското првенство. Голманот на бундеслигашот Мелсунген има сериозна повреда на мускулот и деновиве ќе се знае точната програма на рехабилитација, но шампионатот за него заврши пред да започне.
Во ситуација кога се без Борозан и Симиќ, Црногорците сега важат за огромни аутсајдери во групата Ц, со што уште повеќе се зголемуваат шансите за пласман на Македонија во следната рунда од овој европски шампионат.