Репрезентацијата на Украина вчера како гостин славеше победа над Луксембург од 2:1 и со многу среќа дојде до првата победа во квалификациите за Европското првенство.
Украинците сега се лидери во групата Б со четири освоени бодови. Во првото коло тие одиграа без голови против Португалија, а како што кажавме вчера го победија Луксембург. Но, постојат големи шанси Украина да заврши на дното на табелата поради големата грешка која ја направиле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, португалскиот „Маисфутбол“ објави дека Украина ги прекршила правилата на ФИФА со Жуниор Мораеш кој играше и во двата натпревари. Овој роден Бразилец има пасош на Украина и против Португалија го запиша неговото деби, но немал право за такво нешто.
Португалскиот медиум тврди дека Украинците го прекршиле правилото со тоа што Мораеш не поминал пет години во континуитет играјќи во Украина и поради тоа се убедени дека немал право за настап за оваа селекција.
ФИФА е запознаена со овој проблем и на крајот најмногу би можеле да профитираат Луксембург и Португалија. Ако овие обвинувања се покажат како точни Украина ќе остане без бодови, а победите на зелена маса ќе ги добијат Португалија и Луксембург.
Во таква ситуација Луксембург на изненадување на фудбалската јавност би бил лидер во групата со шест бодови, а Португалија втора со четири. Србија ќе остане на еден освоен бод, додека Украина и Литванија би биле без бодови.