Реал Мадрид и Милан вчера вечер имаа генерална проба пред почетокот на првенствата.
Пријателскиот натпревар помеѓу Реал и Милан за трофејот „Сантијаго Бернабеу“ заврши со победа на Реал кој на крајот беше подобар со 3:1, но овој резултат не е вистинскиот показател на она што се случуваше, „росонерите“ играа одлично.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот е гестот на Серхио Рамос.
Имено, трофејот наменет за победникот на овој натпревар го додели Паоло Малдини, а бидејќи Реал беше подобар прв кој го подигна беше Рамос. Токму во моментот пред да го добие трофејот од Малдини, Рамос со гестикулација му „симна капа“ на легендарниот италијански стопер.
Paolo Maldini le da el trofeo ‘Santiago Bernabéu’ a Sergio Ramos que hace el gesto de “me quito el sombrero”. Imagen de @realmadrid TV” pic.twitter.com/GuPslzRc3h
— Álvaro Montero (@AlvaroMonteroTV) August 11, 2018