Дома Македонски спорт Големо признание за Адеми: НАЈДОБАР за 2020 во хрватската лига!

Големо признание за Адеми: НАЈДОБАР за 2020 во хрватската лига!

Македонскиот репрезентативец, Арјан Адеми игра во одлична форма и затоа доби уште едно големо признание во Хрватска.

Капитените на хрватските тимови го избраа Адеми за најдобар за 2020 година.

Адеми заврши на првото место убедливо пред Мијо Цакташ од Хајдук. Нашиот репрезентативец собра 66 бодови, 22 повеќе од Цакташ.

Зад себе Адеми имаше одлична година. Со екипата на Динамо успеа да се пласира во нокаут фазата во Лигата на Европа, а Динамо во групната фаза прими само еден гол. Секако Адеми како капитен на тимот има огромни заслуги.

Мора да спомене и дека Адеми беше успешен и на репрезентативен план обезбедувајќи пласман на Европското првенство со Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…