Дома Фудбал Репрезентации Големиот Андрес Иниеста одлучи – става крај на кариерата!

Големиот Андрес Иниеста одлучи – става крај на кариерата!

Легендарниот Андрес Иниеста донесе конечна одлука на 40 години да стави крај на професионалната кариера.

Иниеста минатото лето одлучи уште малку да ја продолжи својата кариера со трансферот во Емиратите, но сега смета дека е вистински момент да се повлече.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Официјално одлуката, Иниеста ќе ја соопшти на 8 октомври бидејќи неговиот омилен број е токму 8 и во октомври кога пред 22 години дебитираше.

Во кариерата Иниеста освои се што можеше да се освои со Барселона и Шпанија, а во 2018 година одлучи да го напушти каталонскиот клуб. Потоа помина пет сезони во јапонскиот Висел Кобе пред да одигра уште една сезона во Емиратите.

Еден од момнентите по кој сигурно ќе се памети е голот во финалето на Светското првенство во 2010 година кога ја донесе титулата светски шампион за Шпанија. Со репрезентацијата освои и два европски шампионати во 2008 и 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Конте тргнува по уште еден играч на Манчестер Јунајтед

Откако веќе ги обезбедија потписите на Хојлунд и Скот Мектоминеи, Неаполитанците сега сака…