Динамо Загреб оствари убедлив триумф (1-4) на гости против Слован Братислава, додека Џирона беше прегазена на гостувањето кај ПСВ.
Стефан Ристовски беше капитен на Динамо и го одигра целиот меч, а Аријан Адеми влезе во второто полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Динамо Загреб така стигна до седум освоени бода во Лигата на шампионите.
Бојан Миовски и Џирона доживеаја убедлив пораз од 4-0 на гости против ПСВ Ајндховен. Македонскиот репрезентативец повторно немаше среќа и во 8-та минута имаше убава шанса, но ја погоди стативата.