Дома Луд Спорт Ги изнервира Србите: Ана Ивановиќ откри зошто не се омажи во татковината

Ги изнервира Србите: Ана Ивановиќ откри зошто не се омажи во татковината


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Ана Ивановиќ гостуваше во емисијата Outside of ball и во таа прилика говореше за венчавката со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

Новинарот ја распрашуваше Ана за филмови, а убавата тенисерка откри дека обожава да гледа филмови и дека Notebook е нејзин омилен филм. Со оглед на тоа дека неодамна се омажи, новинарот ја праша кој е нејзин омилен филм со венчална тематика и содржина, а таа низ насмевка одговори дека го обожава филмот Wedding Crashers, кој ја раскажува приказната за непоканетите гости на свадбените прослави.

1-12-anaivanovic_insta1

„Тоа е една од причините зошто не се омажив во Србија, таму има многу непоканети гости на венчавките“, изјави Ана, што кај дел од српските фанови предизвика револт кој го искажаа на социјалните мрежи и речиси сите српски портали кои ја објавија веста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Трагедија: Навивач на Ривер Плата загина при пад од трибина🎥

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Ме…