Дома Трансфер зона Исланѓанецот е хит во Серија А – го сакаат најголемите клубови!

Исланѓанецот е хит во Серија А – го сакаат најголемите клубови!

Италијанските фудбалски гиганти Јувентус, Интер и Наполи покажаа голем интерес за исландскиот напаѓач Алберт Гудмудсон кој од јануари 2022 година игра за Џенова.

Гудмудсон од доаѓањето во Серија на 84 натпревари постигна 31 гол, а во актуелната сезона постигна 14 погодоци и додаде три асистенции со што го привлече интересот на себе.
„Скај Спорт“ како што тврди битката за неговиот потис ќе биде жестока.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овој момент се истакнале Интер, Јувентус и Наполи. Но, Гудмудсон се поврзува и со премиерлигашите Тотенхем и Вест Хем.

Исланѓанецот во Серија А е од 2022 година кога за сума од 1.5 милион евра пристигна од АЗ Алкмар. Играше уште за ПСВ и Јонг ПСВ. За исландската репрезентација запиша 37 настапи и постигна 10 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…