Дома Фудбал Германија Германците тврдат: На Ноер повеќе не му се „слуша гласот“ во Баерн, последниот потег е доказ

Германците тврдат: На Ноер повеќе не му се „слуша гласот“ во Баерн, последниот потег е доказ

Maнуе Ноер ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната откако се повреди на скијање минатиот месец, а тоа ги налути челниците на Баерн и неговиот статус во клубот не е како некогаш.

Баерн во овој преоден рок го доведе Зомер од Борусија Менхегладбах, а германските медиуми веќе некое време пишуваат дека Ноер нема статус на незаменлив во Баерн.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Билд“ пишува дека најдобар доказ за тоа дека Ноер ништо не се прашува во клубот е тоа што тренерот на голманите Тони Тапаловиќ доби отказ. Тапаловиќ 12 години работеше во Баерн и неговиот отказ е изненадување за многумна.

Ноер и Тапаловиќ се големи пријатели и овој 42-годишник му беше кум на неговата венчавка и тоа најдобра покажува каков однос имаат. Сигурно дека ако Ноер го имаше статусот од претходно ќе помогнеше тој да остане во клубот.

Меѓутоа дел од медиумите шпекулираат дека токму тој нивни близок однос бил главна причина и Баерн да го отпушти. Имено, во клубот се посомневале дека Тапаловиќ е тој кој во последно време изнесува информации од соблекувалната до медиумите.

Договорот на Баерн со Ноер истекува летото 2024 година, но најавите се дека веќе ова лето би можело да дојде до договор за раскин на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…