Дома Фудбал Англија Гери Кејхил и следната сезона ќе го гледаме во Премиер лигата

Гери Кејхил и следната сезона ќе го гледаме во Премиер лигата

Искусниот дефанзивец Гери Кејхил ја продолжува својата кариера во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кејхил на крајот од претходната сезона го напушти Челси, а во слободен трансфер го донесе Кристал Палас и вечерва го претстави како важно засилување за новата сезона.

После седум ипол години поминати во западен Лондон, Кејхил премина во Палас и со 33 години важи за еден од поискусните, но и квалитетни дефензивци на Островот.

„Среќен сум што сум овде, мислам дека тоа е добра прилика за мене да ја продолжам кариерата во Премиер лигата.“ – изјави Кејхил.

„Воодушевен сум што ни се придружи Гери. Тој е фантастичен фудбалер кој донесува богатство меѓународно и премиерлигашко искуство. Среќен сум што повторно ќе работа со него.“ – истакна менаџерот Рој Хоџсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА не молчи, жестоко ја нападна ФИФА: Ја поминавте црвената линија!

УЕФА остро реагираше по контроверзната одлука на ФИФА да го суспендира казнувањето на Фола…