Дејан Георгиевски денес го освои среброто на Олимписките игри во Токио, што е еден од најголемите успеси во македонскиот спорт.
Георгиевски во финалето беше поразен од Русинот Владислав Ларин, но со сребрениот медел ја израдува цела Македонија.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Навистина сум пресреќен што ја израдував Македонија. Од срце благодарам на сета поддршка која доаѓа од Македонија, до Токио ги чувствувам сите позитивни вибрации и еуфорија. Чувството е навистина прекрасно, се уште сите тука сме под импресии“, изјави Георгиевски за Сител.
„Најголем предизвик беше првата борба, бидејќи тука го скршив мразот. Но, како што најавував и претходно, тука се дојдени најдобрите и мојата цел беше да ги победам сите“.