Дома Фудбал Англија Гвардиола: Повеќе не е така страшно да се оди на „Олд Трафорд“

Гвардиола: Повеќе не е така страшно да се оди на „Олд Трафорд“

0

Многу работи во борбата за титулата во Премиер лигата ќе бидат појасни после утрешното градско дерби на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед го дочекува Манчестер Сити и доколку „граѓаните“ не победат, на Ливерпул му се отвара патот кон титулата.

„Важно е дека нашиот клуб е добро структуиран, но нема да коментирам што се случува во Јунајтед. Нашиот клуб во последната деценија многу порасна, па повеќе не е толку страшно да се гостува на Олд Трафорд. Сепак, мораме да го дадеме најдоброто од себе си за да победиме“, смета Гвардиола.

Пеп исто така ја коментираше и позицијата на Солскјер во Јунајтес со оглед на лошите резултати во последно време.

„Совршено го разбирам неговиот статус. Секој менаџер се чувствува сам во тешки ситуации. Тоа е реалност и мораме да ја прифатиме. Секако дека го поддржувам“, истакна каталонскиот стратег.

Сити моментално има два бода помалку од Ливерпул, а после овој натпревар, двете екипи ќе имаат по 35 одиграни натпревари.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус – Аталанта: Домаќините за престиж, гостите за историја

Скудетото ќе биде кренато вечерва во Торино, но дуелот Јувентус – Аталанта ќе биде далеку …