Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Мораме да одиграме совршен натпревар

Гвардиола: Мораме да одиграме совршен натпревар

Манчестер Сити утре го очекува реваншот во Лигата на шампионите против Ливерпул и заостанување од првиот натпревар од (0:3), а Пеп Гвардиола е свесен колку тешка задача е пред неговиот тим.

Сити против Ливерпул мора да надополни 3:0 на „Итихад“ и доколку направи таков подвиг тоа ќе биде само третиот тим во историјата на ова натпреварување кој надополнил заостанување од три или повеќе голови, после Ла Коруња и Барселона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Секако дека е потребно да одиграме скоро совршена натпревар. Да создаваме шанси и да бидеме убиствени, мораме во секој сегмент да одиграме совршен натпревар. Знаеме дека ќе биде тешко, но имаме 90 минути, а во фудбалот се е можно. Ќе се обидеме да играме и да не размислуваме колку голови ни се потребни да поминеме во следната фаза“, порача Пеп пред утрешниот натпревар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Претседателот на Наполи: Стадионот Диего Марадона е депонија за ѓубре

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис го нарече стадионот во Неапол “депонија…