Дома Фудбал Англија Гвардиола: Лигата на шампионите се освојува со седум добри натпревари, во Премиер лигата тоа не е така

Гвардиола: Лигата на шампионите се освојува со седум добри натпревари, во Премиер лигата тоа не е така

guardiola

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не е премногу незадоволен поради елиминацијата од Лигата на шампионите.

Манчестер Сити не успеа да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите со вкупни 5:1 беа поразени од екипата на Ливерпул.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


„Не мислам дека успеавме да го направиме она што сакавме, но не бевме ниту неуспешни“, изјави Пеп.

„Граѓаните“ пропуштија прилика да ја освојат титулата во минатото коло кога играа против Манчестер Јунајтед, но пред нив се неколку натпревари во кои можат тоа да го направат.

Лигата на шампионите можете да ја освоите ако одиграте седум добри натпревари, а со Премиер лигата тоа не е случај. Овој клуб е неверојатен во сите сегменти“, изјави Гвардиола.

Потоа Шпанецот зборуваше и за повредите кои ги мачат „граѓаните“ оваа сезона.

„Имаме навистина многу проблеми со повредите. Немаме премногу играчи на располагање. Агуеро е повреден, Фернандињо е суспендиран, Менди исто така е повреден. За следниот натпревар имаме 14 играчи на располагање“, заврши Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фотографија од 2007. Бебето покрај Меси денес е играч од 90 милиони евра

Во четвртфиналето на Европското првенство денеска од 18 часот играат Шпанија и Германија. …