Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим заслужено се пласирал во полуфиналето од Лигата на шампионите, оддаде признание и на Атлетико откако дуелот вчера заврши 0:0.
Домаќинот со сите сили во финишот се обиде да дојде гол, создаде неколку одлични прилики, но на крајот мрежата на „граѓаните“ остана „чиста“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тие се шампиони на Шпанија, така и играат со многу енергија. Во второто полувреме беа подобри од нас, имавме среќа што не примивме гол. Во првите 45 минути имавме шанси, кога ќе се погледне генерално заслужено сме во полуфиналето. Сите тимови во Лигата на шампионите патат кога ќе дојдат тука, успех е кога ќе поминете. Не можеме секогаш да постигнеме четири или пет гола. Во овој натпревар влеговме и после тежок натпревар во првенството против Ливерпул“.
Она што го загрижува Пеп за продолжение од сезоната се повредите.
„Во голем проблем сме, не можеме да заборавиме дека игравме пред три дена, патувавме и дојдовме тука. Имаме навистина доста повреди и не знам што ќе биде во наредните денови. Сепак, треба и да ја прославиме оваа победа затоа што Манчестер Сити трет пат во својата историја ќе игра полуфинале во ЛШ“, изјави Гвардиола.
Противник на Манчестер Сити во полуфиналето ќе биде Реал Мадрид кој во четвртфиналето го елиминираше Челзи.