Дома Фудбал Гвардиола жестоко му одговори на Рој Кин кој изјави дека Халанд е играч за во четврта лига

Гвардиола жестоко му одговори на Рој Кин кој изјави дека Халанд е играч за во четврта лига

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд не е во добра форма. Норвежанецот одигра шест натпревари оваа сезона во Премиер лигата против екипи од Топ 5, а успеа да постигне само еден гол.

Дека нешто не е во ред се согласи и легендарниот Рој Кин, кој како стручен коментатор беше многу груб за играта на Норвежанецот против Арсенал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Ова беше многу лошо. Неговата генерална игра е многу слаба. Пред голот тој е најдобар во светот, но генерално е многу лош. Неговата игра е на ниво на играч од англиската четврта лига. Тој мора да се подобрува во текот на следните години и тој ќе се подобри, но мора да работи на тоа што е можно поскоро“, рече Кин.

„Не се согласувам со Кин, апсолутно не. Тоа би било како јас да кажам дека е тренер за втора или трета лига. Халанд е најдобриот напаѓач во светот. Минатата година ни помогна да освоиме сè. Не е негова вина што не создаваме доволно во нападот. Изненаден сум што критиките доаѓаат од поранешните играчи. Нивната меморија брзо избледува“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Финалето во Лигата на шампиони за првпат во нов термин, ќе се игра три часа порано!

УЕФА донесе одлука финалето на Лигата на шампиони да не се одржува во вообичаениот ноќен т…