Дома Трансфер зона Гвардиола доби засилување од ПСЖ

Гвардиола доби засилување од ПСЖ

„Граѓаните“ се засилија од „Паркот на принцовите“.

Како и што официјално е објавено на сајтот на Манчестер Сити, Клаудио Гомеш е нов фудбалер на Манчестер Сити.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Овој 18 годишен фудбалер во претходниот период настапуваше за тимот до 23 години на ПСЖ за кој запиша пет настапи во младинската Лига на шампиони.

Покрај тоа е капитен на У18 репрезентацијата на Франција, игра на позицијата последен играч за врска и веќе се наоѓа со првиот тим на припремите во САД.

На сајтот на „граѓаните“ е опишан како брз и силен играч со одличен старт, одлична визија и голема енергија.

За Сити би можел да дебитира во пријателските натпревари против Ливерпул или Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…