Дома Фудбал Италија Гатузо: Секој ден слушам дека ќе ме отпуштат!

Гатузо: Секој ден слушам дека ќе ме отпуштат!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо призна дека секој ден чита во медиумите се шпекулациите дека ќе биде отпуштен од страна на раководството.

Тимот на Милан моментално се наоѓа на турнеја во САД, каде ноќеска ќе игра пријателски меч против Тотенхем.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Иако сме во САД не можеме да бидеме изолирани за тоа што се случува на трансфер пазарот. Момците секој ден читаат информации на телефините. Јас секој ден читам дека ќе бидам отпуштен. Меѓутоа, професионализмот ти дава мир и спокој, се што треба е да работиме и да и ја гледаме својата работа“, изјави Гатузо.

„Мечот против Тотенхем ќе биде многу тежок. Ќе недостасуваат многу фудбалери кои играа на СП. Задоволен сум од подготовките, но против Тотенхем мора да покажеме карактер“, додаде Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Варди претставен во Италија, откри и дека идол му е легенда на Јувентус

Џејми Варди направи трансфер во Кремонезе, а вчера и пристигна во Италија каде што беше пр…