Дома Фудбал Италија Гатузо за можниот отказ: Им се случува и на други, па може да ми се случи и мене

Гатузо за можниот отказ: Им се случува и на други, па може да ми се случи и мене

Денес во рамките од 18-тото коло во Серија А екипата на Милан направи нов кикс ремизирајќи со тимот на Фросиноне (0:0).

Пред овој натпревар низ италијанските медиуми кружеа гласини дека Гатузо ќе мора да победи на овој и следниот натпревар (СПАЛ) да забележи победи за да си ја задржи работата, но веќе на првиот испит се „лизна“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Гатузо е свесен за ситуацијата, но не е премногу загрижен.

„На противникот им ги подаривме првите 45 минути, жалиме за тоа и лути сме. Дали ќе бидам отпуштен? Тоа е дел од играта, се случува и на другите, така да може да ми се случи и на мене. Имам чиста совест“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед прави неочекуван потег: На „Олд Трафорд“ пристигнува напаѓач кој е без клуб

Многу напаѓачи во последно време беа поврзувани со премин во Манчестер Јунајтед, но изглед…