Дома Фудбал Лига на шампиони Гатузо: Барса едвај имаше шут, ако не згрешевме и цел ден немаше да ни дадат гол

Гатузо: Барса едвај имаше шут, ако не згрешевме и цел ден немаше да ни дадат гол

Tренерот на Наполи Џенаро Гатузо е задоволен од играта на својот тим и покрај тоа што резултатот 1:1 во Неапол повеќе и одговара на Барселона.

Гатузо на прес-конференцијата зборуваше за промените кои ги гледа во Барселона откако Кике Сетиен седна на клупата на Каталонците.

„Од кога Сетиен ја превзема Барселона, тие системски го притискатаа противникот со пет-шест играчи и не се потпираат само на додавањата. Го тераат ривалот да се брани длабоко и ние моравме да играме така за да немаме поголеми проблеми“.

„Мислам дека денес тие потфрлија, едвај имаа еден шут кон голот. Голот го примивме после наша грешка, да не случеше таа грешка и цел ден да игравме немаше да ни дадат гол“, изјави Гатузо.

Реваншот е закажан за на 18. март на „Камп Ноу“.

„Се е отворено, имаме време да се припремиме, а тие ќе играат без суспендираните Видал и Бускетс. Наполи има одлично играч, Барса има поголеми шанси, но и ние имаме на што да се надеваме“, порача стратегот на Наполи.

Ќе потсетиме, Гатузо во овој натпревар не му даде минутажа на Елмас кој остана на клупата за резерви.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бејл во домашната изолација покажа колку е добар во голф (ВИДЕО)

Фудбалерите ширум светот се обидуваат да пронајдат разни начини за домашната изолација поб…