Дома Фудбал Франција Галтие до критичарите: Поради мене гледате европски натпревари, а ја навредувате мојата мајка болна од рак

Галтие до критичарите: Поради мене гледате европски натпревари, а ја навредувате мојата мајка болна од рак

По двата порази во низа без постигнат гол, ПСЖ вчера конечно победи во францускиот шампионат и тоа против Ница со 0:2.

Клубот од Париз е на добар пат да ја освои титулата во Париз и има шест бода повеќе од Ленс со кој ќе се сретне во наредното коло.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак навивачите не се задоволни со освоената титула затоа што тимот рано испадна од Лигата на шампионите која со години наназад е главна цел во Париз.

Тренерот на ПСЖ по победата против Ница им одговори на критичарите.

„Дали видовте и слушнавте? Мојата мајка има 83 години и е болна од рак, а луѓето на трибините ја навредуваа, иако само поради мене гледаат европски натпревари, поради моите резултати тука минатата година“, изјави Галтие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Официјално: Тухел долгорочно се врза со Англија

Англиската федерација официјално го објави продолжувањето на договорот на селекторот на ти…