Дома Фудбал Франција Галтие дефинитивно заминува од ПСЖ, познат првиот фаворит за негов наследник

Галтие дефинитивно заминува од ПСЖ, познат првиот фаворит за негов наследник

Кристоф Галтие дефинитивно следната сезона нема да биде тренер на Пари Сен Жермен, пренесува „Л’Екип“.

Иако, Галтие го освои француското првенство, челниците на клубот нема да му го простат неуспехот и раното испаѓање во Лигата на шампионите. Францускиот медиум пренесува дека во ПСЖ размислуваат кој би требало да го наследи Галтие.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Првото име на листата желби е Жозе Мурињо. Португалецот со заминувањето во Париз повторно би добил прилика да води тим кој има амбиции за титулата европски шампион.

Покрај Мурињо се споменува и Тијаго Мота кој ја води Болоња, како и Марсело Гаљардо кој е без работа по заминувањето од Ривер Плата. Исто така дел од медиумите го наведуваа и името на Чаби Алонсо кој неодамна порача дека сака да остане во Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Лукаку пак промашуваше, Белгија овој пат победи🎥

Репрезентацијата на Белгија ја надигра и победи Романија со 2:0, па не очекува драматична …