Дома Фудбал ПСЖ лесно го совлада Интер Мајами на Меси и стигна до четвртфиналето на клупскиот СП

ПСЖ лесно го совлада Интер Мајами на Меси и стигна до четвртфиналето на клупскиот СП

Пари Сен-Жермен го отвори вториот ден од четвртфиналето на Светското клупско првенство со убедлива победа од 4:0 против Интер Мајами. Актуелните европски шампиони ја демонстрираа својата моќ против тимот од Флорида, за кој игра и Лионел Меси.

Веќе во 6-тата минута ПСЖ го отвори резултатот. По изведен слободен удар од левата страна, Витиња ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Жоао Невеш остана непокриен на втората статива и со глава ја затресе мрежата на Оскар Устари.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Интер се држеше до 39-тата минута, кога Невеш повторно беше прецизен. Пет минути подоцна Томас Авилес несреќно постигна автогол, а пред крајот на првото полувреме Ашраф Хакими го постави конечниот резултат од 4:0.

Во вториот дел немаше голови, а ПСЖ со сигурна победа обезбеди место во полуфиналето, каде што ќе се сретне со Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо по дебаклот: Oвој резултат може да биде добар за нас

Реал Мадрид страдаше во полуфиналето на Светското клупско првенство во Америка од Пари Сен…