Дома Трансфер зона „Газета“ тврди: Пристигна првата понуда за чудесниот Пиатек!

„Газета“ тврди: Пристигна првата понуда за чудесниот Пиатек!

Џенова би можела добро да заработи доколку се одлучи да го продаде полскиот напаѓач.

Пиатек игра фантастично на почетокот на сезоната и дефинитивно ќе биде еден од најабарните играчи во следниот преоден рок.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Полскиот напаѓач на седум натпревари во Серија А успеа да постигне девет погодоци и во овој момент е прв стрелец во лигата.

Медиумите веќе започнаа да пишуваат дека голем број европски клубови внимателно ги следат неговите настапи, а првиот чекор го направил Наполи, тврди „Газета дело Спорт“.

Според информациите на реномираниот медиум, Де Лаурентис до Џенова испратил понуда вредна 25 милиони евра надевајќи се на преговарчките способности на Аркадиуш Милик и Пјотр Зјелински кои се соиграчи на Пиатек во репрезентацијата.

Сепак, тешко дека оваа понуда ќе ги задоволи апетите на раководството на Џенова кое добро знае дека од Пиатек може да заработи и двојно повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…