Денешното издание на „Газета Дело Спорт“ пренесува дека повеќе нема дилеми и дека Ашраф Хакими ќе биде првото засилување за ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој трансфер се најавува веќе подолго време, а сега изгледа е се завршување. Според информациите Хакими ги договорил неговите лични услови и сите детали, а сега останувало уште клубовите да договорат дел од формалностите. Во Париз Хакими би заработувал осум милиони евра по сезона.
Сумата за која се очекува да биде постигнат договор наводно ќе биде помеѓу 60 и 70 милиони евра. Детали во тој дел не се откриваат, но сигурно би имало и клазули за одредени бонуси.