Дома Фудбал Франција Газдата на ПСЖ се налути: Дали вие разбирате малку фудбал?!

Газдата на ПСЖ се налути: Дали вие разбирате малку фудбал?!

Пари Сен Жермен е елиминиран од Лигата на Шампионите по поразот со 1:0 од Борусија Дортмунд во реванш полуфиналниот натпревар на „Паркот на Принцовите“, која се пласираше со вкупни 2:0.

По поразот од Борусија зборуваше претседателот на гигантот од Париз, Насер Ал Хелаифи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Многу сме разочарани од резултатот. Преовладува тагата, мислам дека требаше да добиеме повеќе. И тренерот и играчите дадоа максимум, а што да кажеме за големите навивачи, беа фантастични“, изјави Ал Хелаифи.

Потоа доби прашање за иднината на тренерот Луис Енрике. Договорот на стратегот на ПСЖ има важност до крајот на следната сезона.

„Дали сте сериозни во врска со ова прашање? Дали навистина знаете или разбирате малку од фудбал? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа, иднината ќе биде светла. Одиме по истиот пат“, изјави претседателот на ПСЖ најавувајќи дека Енрике ќе остане во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Беше еден од најдобрите голгетери во Европа, а сега на 26 години може да ја заврши кариерата

Според информациите на PUNCH Sports Extra, германските клубови Вердер Бремен и Баер Леверк…