Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер продолжи да работи на засилувањата за новата сезона.
После македонскиот репрезентативец Марио Танкоски, во Битола пристигнува босанскиот репрезентативен среден бек Јосип Периќ кој пристигнува од Бундеслигата од тимот на Гепинген.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Периќ со Еурофарм ќе потпише договор на две години. Станува збор за ракометар кој зад себе има две одлични години во најсилната европска лига. Покрај Гепинген во кариерата го носеше дресот уште на Татабања, Одорхен и Дунареа.
Во репрезентацијата на Босна е стандарден со 39 настапи и 45 гола. Периќ во клубот доаѓа да ја пополни празнината по заминувањето на Остроушко и Ловро Јотиќ.