Дома Фудбал Италија „Вселенски брод“: Видете како ќе изгледа новиот стадион на Милан и Интер (фото)

„Вселенски брод“: Видете како ќе изгледа новиот стадион на Милан и Интер (фото)

0

Милан и Интер официјално потврдија дека ќе започнат изградба на нов стадион, кој ќе биде еден од најмодерните во Европа, пренесуваат италијанските медуми.

Проектот денес беше претставен до советот на општината во Милано, па наскоро се очекува да стартува изградбата на стадионот, но и мултифунционален комплекс веднаш до стадионот.

Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов во 2024 година.

Новиот стадион ќе биде со капацитет од околу 65.000 места,а  двата клуба потврдија дека целиот проект ќе ги чини 1,2 милијарди евра.

Новиот стадион во Милано ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.

Денес во медиумите се појавија и првите фотографии за изгледот на новиот стадион. Тој ќе изледа футуристички, но многу ќе наликува на „Дуомо“, што е симбол за градот Милано.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо после големиот јубилеј: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене (фото)

Фудбалерите на Португалија синоќа беа поразени во гости против Украина со 2:1, а натпревар…