Се уште не е официјално, но шпанските медиуми се сигурни дека Барселона веќе пронашла замена за Луис Енрике, кој заминува на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што денес објави бројни шпански и европски медиуми, прв кандидат за клупата на Барса е легендарниот Лоран Блан, екс тренерот на ПСЖ и на француската репрезентација.
Францускиот стратег наводно веќе ја одржал првата рунда преговори со раководството на каталонскиот гигант, па наскоро би требало да се официјализира соработката.
Медиумите пренесуваат дека двете страни веќе договориле тригодишна соработка.
Блан ја познава средината и филозофијата на клубот, бидејќи како фудбалер го носеше дресот на Барселона.