Дома Фудбал Останато Во сообраќајна несреќа почина поранешен фудбалер на Барселона

Во сообраќајна несреќа почина поранешен фудбалер на Барселона

Аргентинскиот фудбалер Макси Ролон (27) загина во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот во Пухат, на околу 50 километри од Росарио.

Информацијата за неговата смрт ја потврди Барселона, клубот во кој порасна. Ролон беше дел од многу талентираната генерација 95, но не успеа да се пробие во првиот тим.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во Ла Масија настапуваше од 2010 до 2014 година, а потоа го носеше дресот на „Б“ тимот за кој настапуваше уште две сезони.

Ролон е роден 1995 година и важеше за голем талент на левото крило, но сепак не успеа да направи посериозна фудбалска кариера. Има настапувано во Шпанија, Аргентина, Чиле, Еквадор, Бразил и на крајот Ирак.

Неговиот последен клуб беше ирачки Ал-Диванија, а од него се прости и Барселона.

Тој го загуби животот во сообраќајна несреќа кога неговото возило преминало на спротивната лента, а потоа удрило во дрво. Со него на лице место починал и три години постариот брат Ариел Хернан Ролон кој исто така играл фудбал.

Најголемиот успех во кариерата Ролон го постигна во 2014 година, кога со малдинците на Барселона ја освои Лигата на шампионите.

Тие ја победија Бенфика во конечни 3:0, а Ролон влезе во игра во продолжението на натпреварот на местото на најдобриот стрелец и голгетер на тој тим, Мунир Ел Хадади. Во истата генерација играше и Адама Траоре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер, Милан и Јувентус се „тепаат“ за новата италијанска ѕвезда

Откако го обезбеди привлекувањето на напаѓачот на Парма, Анже-Јоан Бони, Интер има намера …