Дома Фудбал Италија Во следните девет дена се решава иднината на Инзаги

Во следните девет дена се решава иднината на Инзаги

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е под голем притисок и ризикува да добие отказ ако не се подобрат резултатите.

„Нероаѕурите“ лошо ја отворија сезоната и имаат четири порази после првите осум кола во Серија А.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека следнит девет дена ќе бидат одлучувачки за иднината на Инзаги.

Во тој период на Интер му престојат два натпревари со Барселона во Лигата на шампиони и гостување на Сасуоло во Серија А.

Доколку на овие натпревари Интер не ја поправи играта и резултатите, тогаш Инзаги може да добие отказ.

Раководството се уште се колеба со одлуката, бидејќи Инзаги неодамна го продолжи договорот и е втор најплатен тренер во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола даде нова проценка за трката за титулата по неуспехот на Арсенал

Пеп Гвардиола изјави дека има уште многу време до крајот на трката за титулата во Премиер …