Дома Фудбал Франција „Во ПСЖ дојдов затоа што сум муслиман, знам дека тука ќе бидам среќен“

„Во ПСЖ дојдов затоа што сум муслиман, знам дека тука ќе бидам среќен“

Aшраф Хакими е најскапиот фудбалер кој ПСЖ го доведе ова лето во својот „дрим-тим“, Мароканецот беше платен 60 милиони евра на милански Интер.

Во првите седум натпревари Хакими почна да покажува зошто е доведен и забележа три гола и две асистенции. Сега откри дека во ПСЖ не пристигнал само поради пари, туку и поради верски и културошки причини.

„Иако растев во Шпанија, ние сме Мароканци. Дома разговараме на арапски, муслимани сме, јадеме мароканска храна. Кога имав 14 години добив повик од Мајорка, не размислував ниту секунда. Подоцна бевме во контакт со Шпанија, но јас донесов одлука уште претходно. Една од причините поради кои дојдов во Париз е што сум муслиман, а тука има има голема арапска и муслиманска заедница. Затоа знам дека ќе се чувствувам како дома“.

„Имав уште две понуди, но интуицијата ми говореше дека треба да дојдам во Париз и дека тука ќе бидам среќен. ПСЖ е одличен клуб и го ценам тоа што луѓето тука ме сакаа. Имав и среќа што моето доаѓање се поклопи со уште неколку големи трансфери, сигурен сум дека не погрешив“, изјави Хакими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Желбите на Конте за јануарскиот преоден рок

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте инсистира да бидат активни во јануарскиот преоден…