Дома Фудбал Фернандеш добива непријатно изненадување од Премиер лигата!? (Видео)

Фернандеш добива непријатно изненадување од Премиер лигата!? (Видео)

Бруно Фернандеш во недела го сруши рекордот во Премиер лигата по број на асистенции во една сезона. Сепак, голем број навивачи се убедени дека не требало да му биде запишана асистенцијата на вчерашниот натпревар против Брајтон.

Фернандеш е прогласен за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата, а откако асистираше на “Олд Трафорд” против Нотингам Форест, се изедначи со Анри и Де Брујне, со по 20 асистенции.

Манчестер Јунајтед вчера славеше со 3:0 на гостувањето кај Брајтон, а Фернандеш успеа да запише уште една асистенција.

Доргу го постигна првиот гол и тоа со глава по корнер од Фернандеш, и тогаш рекордот беше срушен.

„Одлично е, многу сум среќен поради ова. Горделив момент, нешто за што не би сонувал дека ќе дојдам толку блиску”, изјави Фернандеш.

Сепак, по деталното прегледување на снимката, многумина тврдат дека асистенцијата на Фернандеш не би требало да се признае.

Причината е што на зумираните снимки се гледа дека ударот на Доргу ја погоди пречката, а потоа од голманот топката се одби во голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем пресврт во Реал Мадрид: Мурињо го сопре заминувањето на играчот кој веќе беше отпишан

Завршницата на преодниот рок може да донесе неколку изненадувања, а едно од најголемите е …