Дома Трансфер зона Во Монако се „молат“ Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ

Во Монако се „молат“ Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ

Од Килијан Мбапе фудбалскиот свет има огромни очекувања.

Одличниот Французин сега размислува дали да го продолжи договорот со „светците“ кој му истекува летото 2022 или да побара нов предизвик.

„Во период сум на размислување, но ако потпишам нов договор со ПСЖ значи дека ќе останам уште долго тука“, изјави неодамна Мбапе.
На „Паркот на Принцовите“ Мбапе пристигна во 2017 година на позајмица од ПСЖ кој се обврза да го откупи за 180 милиони евра, но со разни клазули.

Обврската за откуп се активираше со останувањето во ПСЖ таа сезона, а до сега ПСЖ на Монако му плати две рати од по 90 и 55 милиони евра. Клубот од Кнежеството засега има добиено 145 милиони евра.

Дали ќе ги добие преостанатите 35 што во време на пандемија сигурно многу значат ќе зависи од последната клазула. Имено, ако Мбапе го продолжи договорот тогаш ПСЖ ќе биде обврзан да го исплати тој бонус. Во случај да одлучи да замине заработката на Монако ќе остане 145 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти ја започнаа трката за новиот „бисер“ на Салцбург

Салзбург после Ерлинг Халанд изгледа има ново голгетерско чудо. Австрискиот шампион има но…