Продолжува третото коло во Лигата на шампиони, а најинтересниот дуел се игра во Мадрид, каде ќе има реприза од минатогодишното финале.
Реал нема право на кикс
Реал Мадрид оваа сезона не игра добро според очекувања, но сепак победува и запишува добри резултати.Со доаѓањето на Мбапе ова лето се очекуваше дека „кралевите“ ќе бидат многу поубедливи, а јасно се гледа дека имаат потешкотии во играта. Критиките на сметка на играта се се поголеми, но впечатокот е дека само прашање на време е кога Реал ќе влези во вистинска форма. Квалитетот е огромен и Реал и оваа сезона е прв фаворит во сите натпреварувања. Во Лигата на шампиони минатото коло доживеаа непријатен пораз на гостувањето кај Лил, што беше големо изненадување. Поради тоа немаат право на кикс на овој натпревар и се пред императив победа.
Борусија на врвот на табелата
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија Дортмунд минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампиони, каде беше поразена токму од Реал Мадрид. Тимот во летниот преоден рок беше променет, па тешко е да се очекува да го повтори успехот од минатата сезона. Меѓутоа, „милионерите“ тргнаа одлично во ЛШ со две високи победи и моментално се на врвот на табелата. Тоа е најмногу поради фактот што минатото колом го победија Селтик со високи 7:1, па имаат најдобра гол разлика. Борусија сака да се одмазди за поразот во финалето и нема лесно да се предаде, па ќе има екстра мотив на овој меч. Меѓутоа, ова е најтешко гостување и ретко која екипа успева да остане непоразена на „Сантиаго Бернабеу“.
Очекување
Дерби на колото и реприза од минатогодишното финале, па очекуваме неизвесен натпревар со голови на двете страни.