Дома Фудбал Италија Во Киево бесни: Ова е скандалозно, двата голови на Милан требаше да бидат поништени

Во Киево бесни: Ова е скандалозно, двата голови на Милан требаше да бидат поништени

Директорот на Киево, Џанкарло Ромаироне тврди дека двата гола на Милан во вчерашниот натпревар требало да бидат поништени.

Во Киево се бесни после поразот од Милан (2:1) вчера во Верона. Сметаат се работи против Киево.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не би се бунеле ако губиме затоа што играме лошо. Невозможно е да биде случајност тоа што секој викенд се случува контроверзен инцидент на наша штета. Живиот ѕид при голот на Биља беше тргнат на 13, а не на 9 метри, кај вториот гол имаше офсајд и фаул“.

„Само ве молам да ни дозволите да изгубиме поради нашата игра. Изморени сме да бидеме жртва на ВАР“, изјави претседателот Џанкарло.

Тренерот на Киево, Доменико Ди Карло исто така е лут затоа што голот на Пјонтек за 2:1 не беше поништен.

„Со Милан имавме егал натпревар, но ВАР се користи завиосност од тоа како им одговара во тој момент. Дури не беше потребен ВАР за да се забележи такво нешто, тоа беше кунг фу удар. Изгубивме од Милан поради тој кунг фу удар. Доколку носевме дресови со друга боја, немаше да примиме три гола, но тоа не смеам да го кажам зошто судиите ќе се налутат“.

„Се е скандалозно. Постојат прваила и треба истите да се почитуваат. Ние тренираме напорно, одиме таму да играме и заслужуваме почит“, остар беше Ди Карло.

Киево после 27 кола има 1 победа, 10 нерешени натпревари и дури 16 порази. Со овој учинок се наоѓаат на дното на табелата со 10 освоени бодови. Во наредното коло и гостуваат на Аталанта.

https://youtu.be/_RZ2kUL2n0Y

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…