Дома Фудбал Италија Во Италија уште се пишува за епскиот пресврт: Шаховскиот потег со кој Алегри му даде „мат“ на Симеоне

Во Италија уште се пишува за епскиот пресврт: Шаховскиот потег со кој Алегри му даде „мат“ на Симеоне

Во Италија се уште може да се прочита по нешто за епскиот пресврт на Јувентус над Атлетико во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Од ден во ден се појавуваат нови анализи се анализира секој детал во победата од 3:0. Сега на ред дојде Германецот Емре Чан кој можеби незаслужено беше помалку споменуван.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Масимилијано Алегри го надмудри Диего Симеоне на тактичко ниво така што на Чан му даде двојна улога.

Имено, овој играч започна да неговата природна позиција,а во фазата кога Јувентус ги градеше нападите се повлекуваше како стопер.

Така Јувентус од одбрана со четири играчи преминуваше во одбрана со тројца каде што Чан беше задолжен за дистрибуцијата на топки.

„Тактички, никогаш не сум играл нешто такво претходно. Континуирано се менувавме од тројца на четворица во одбрана и обратно. Тоа беше генијално од Алегри, шаховскиот потег кој го повлече се покажа како успешен“, изјави фудбалерот на Јувентус кој пристигна од Ливерпул минатото лето.

Со трансформацијата на Чан Јувентус имаше луксуз да напаѓа со седум играчи. Жоа Кансело, од десен бек стануваше лево крило, Бернардески одеше на десната страна по цела должина.

Тие двајца повремено ги менуваа страните, а во средината притискаа Матуиди и Пјаниќ, додека во нападот беа Манџукиќ и Роналдо. Треба да се истакне дека Јувентус два гола постигна после нафрлувањата на Кансело и Бернардески, а третиот гол дојде откако Бернардески изнуди пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…