Во Борусија Дортмунд не се загрижени дека можат на крајот од сезоната да останат без Џејдон Санчо.
Англискиот фудбалер благодарение на одличните игри стана желба на бројни великани и скоро да не поминува ден да не се шпекулира за евентуален трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, во Дортмунд не се загрижени по тоа прашање. Најмногу поради кризата со пандемијата коронавирус.
„Ниту еден клуб, дури и од Англија, нема да ризикува со толку голем и скап трансфер ова лето. Не сакам да предвидувам бидејќи ситуацијата се менува од ден во ден. Моментално е така, големи средства нема да се трошат следните месеци.“ – изјави директорот на Борусија, Зорц.
Санчо со Борусија Дортмунд има важечки договор до 2022. година, а во актуелната сезона постигна 17 погодоци и 19 асистенции.
Се шпекулира дека Борусија за неговиот играчки картон ќе бара повеќе од 100 милиони евра.