Дома Македонски спорт Мак баскет Војдан потврди: Среќен сум што ќе бидам дел од тим со голема историја

Војдан потврди: Среќен сум што ќе бидам дел од тим со голема историја

Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски го потврди трансферот во францускиот прволигаш По Ортез.

Тимот кој девет пати бил шампион на Франција сезонава се соочува со многу проблеми со повредата и поради тоа има слаб учинок на стартот од четири победи и девет порази. Во клубот очекуваат Стојановски со својот квалитет и искуство да придонесе работите да се променат.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Трансферот беше потврден и од страна на македонскиот кошаркар.

„Среќен сум што ќе бидам дел од тим со голема историја По Ортез. Ќе се обидам да помогнам на тимот и за тоа имам само шест недели затоа што во овој период има важни натпревари. Се надевам дека ќе влеземе во серија на добри резултат. Можам да шутирам, но пред се јас сум тимски играчи и ќе видиме каква улога ќе добијам од тренерот. Минатата сезона со Олденбург имав убаво искуство со пласманот во плејофот“, изјави Стојановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Грабеж во Англија: Хрвати го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл!

Хрватски државјани на возраст од 22, 27, 31 и 42 години биле приведени во Англија како осо…