Првото „Ел Класико“ оваа сезона беше одложен поради протестите во Барселона, па конечно натпреварот ќе се одигра на 18-ти декември на „Камп Ноу“.
Поради критичната ситуација во Каталонија, преземени се дополнителни безбедносни мерки за натпреварот да мине мирно. Шпанските медиуми пишуваат дека мечот ќе го обезбедуваат околу 3000 лица вклучувајќи го и обезбедувањето на Барселона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Претходно Реал Мадрид порача дека ќе дојде во Барселона доколку не биде гарантирана апсолутна безбедност за фудбалерите.
Каталонската платформа „Демократско цунами“ денеска ги повика приврзаниците за независност на Каталонија на масовен осумдневен протест пред стадионот „Камп Ноу“, па поради тоа ситуацијата ќе биде „вонредна“ и дербито практично ќе се игра под полициска опсада.