Дома Фудбал Хуман гест на играчите на Реал за Флик по загубата на неговиот татко

Хуман гест на играчите на Реал за Флик по загубата на неговиот татко

Барселона на својот домашен терен го порази Реал Мадрид со 2:0 благодарение на головите на Маркус Рашфорд во 9. и Феран Торес во 18. минута, што им обезбеди одбрана на титулата во Ла Лига три кола пред крајот на првенството. Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, успешно ја продолжи својата метода во втората сезона во Каталонија, освојувајќи го шпанскиот трофеј по втор пат, исто како и Суперкупот на домашната сцена.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сепак, завршницата на уште една многу успешна сезона за германскиот стручњак беше помрачена од семејна трагедија. На денот на Ел Класико, Флик го загуби својот татко. Поради ова, Рашфорд и Торес ги прославија своите голови трчајќи кон својот тренер, посветувајќи му ги за да му олеснат малку во тешките моменти.

По натпреварот, ѕвездите на Реал го посетија тренерот на Барселона, при што топло изразија сочувство. Оваа гестура од страна на Винисиус, Белингам и останатите играчи на Реал кон тренерот на најголемиот ривал ги трогна навивачите на шпанските гиганти и неутралните љубители на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вака Винисиус ги провоцираше навивачите на Ноу Камп додека Барса го освојуваше трофејот

БРАЗИЛСКИОТ фудбалер Винисиус Жуниор повторно стана центар на внимание од страна на навива…