Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.
Кошаркарите на Бостон убедливо со 128:95 славеа против Голден Стејт во натпревар во кој доминираше Гордон Хејворд со 30 поени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од самиот старт на натпреварот Бостон покажа „заби“ на актуелниот шампион и на полувремето веќе имаа предност од 25 поени разлика. Во продолжение на теренот сликата не се меенуваше. Колку Бостон беше доминантен покажува податокот дека овој тим ги доби сите четири четвртини.
Најголемата предност во еден момент изнесуваше и плус 35 поени на што „Воините“ немаа никаков одговор, па ниту еднаш во текот на натпреварот не успеаа да се доближат.
Покрај Гордон Хејворд кој постигна 30 поени во победничкиот тим се истакнаа Кајри Ирвинг со 19 поени, 5 скокови и 11 асистенци, Џејлен Браун со 18 поени и Џејсон Татум со еден помалку.
Од друга страна во тимот на Голден Стејт се истакна Стеф Кари со 23 поени, го следеаа Кевин Дурант со 18 и Демаркус Казинс со 10. Овие тројца беа единствените во тимот на Голден Стејт со двоцифрен број на поени.
НБА резултати:
Индијана – Чикаго 105:96
Филаделфија – Орландо 114:106
Мемфис – Портланд 120:111
Минесота – Оклахома 131:120
Торонто – Хјустон 95:107
Голден Стејт – Бостон 95:128