Дома Фудбал Останато Вознемирувачко видео: Последните моменти од животот на Михалис

Вознемирувачко видео: Последните моменти од животот на Михалис

Од денот кога се случија во јавноста излегуваат снимки од нередите кои ги приредија навивачите на Динамо Загреб во Атина пред натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Епилогот од целиот ужас беше смртта на 29-годишниот Михалис Кацурис кој беше претепан и избоден до смрт, а полицијата во овој момент утврдува кои се сторителите на делото.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега се појави видео на кое во еден дел се гледа како бил тепан Кацурис од хулиганите. Кацурис кој носел сина кошула се обидел да побегне, но бил стигнат, а потоа удиран со палка и избоден. Успеал да стане и да се обиде да сокрие во киоск во близина, меѓутоа во тие моменти премногу крварел.

Случајни минувачи се обидуваат да му помогнат и викаат брза помош која го пренесува во болница каде што подоцна им подлегнал на повредите.

Грчките медиумите наведуваат дека во овој момент се истражуваат сите разговори и снимки од запленетите телефони.

Видеото кое предупредуваме е со внозменирувачка содржина можете да го погледнете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луческу претрпе инфаркт, па беше разрешен како селектор на Триколорите!

Романската јавност е поделена – едни сметаат дека требаше да се почека целосно оздравување…