Дома Останати Авто Мото Возач од Формула Е наместо да вози сам на виртуелна трка, си ангажираше гејмер, па доби казна!

Возач од Формула Е наместо да вози сам на виртуелна трка, си ангажираше гејмер, па доби казна!

Возачот од Формула Е, Даниел Абт направи несекојдневен прекршок затоа што на една виртуелна трка наместо себе, го ангажирал професионалниот гејмер Лоренцо Хорцинг. За да биде уште полошо, трката била од хуманитарен карактер.

Поради ваквиот прекршок Абт е казнет со 10.000 евра, кои ќе мора да ги уплати во хуманитарни цели. Исто така, тој ги загубил сите поени кои ги добил со „тркањето од дома“.

„Не го разбрав ова доволно сериозно. Посебно ми е жал затоа што знам колку труд е вложен во проектот. Разбирам дека ве навредив сите, но немав лоша намера“, кажа Абт.

Абт вози за Ауди во Формула Е и имаше солидни резултати минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Хамилтон стигна до 96. пол-позиција во кариерата!

Луис Хамилтон стигна до 96. пол-позиција во кариерата откако беше најбрз во квалификациите…