Душан Влаховиќ и неговиот менаџер изразија желба репрезентативецот на Србија на крајот од оваа сезона да ја напушти Фиорентина.
Како што пренесува „Калчомеркато“ тие сметаат дека е време Влаховиќ да направи исчекор во кариерата. Наводно поранешниот напаѓач на Партизан е на маета на Милан, Рома и Борусија Дортмунд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите со агентот Дарко Ристиќ започнале и изгледа дека останува да се види само за која сума Влаховиќ ќе замине од Фиренца.
Влаховиќ има 21 година, а помеѓу „виолетовите“ дојде во 2018 година за нешто помалку од два милиони евра.
До сега за Фиорентина постигна девет голови на 22 одиграни натпревари.