Дома Останати Авто Мото Владата даде „зелено светло“: Две Ф1 трки во Велика Британија

Владата даде „зелено светло“: Две Ф1 трки во Велика Британија

Натпреварувањето во Формула 1 во Велика Британија сепак ќе биде одржано откако денес властите дадоа „зелено светло“.

Веќе од порано беше познато дека две трки ќе се возат на стазата Силверстоун на почетокот на август со цел да се потполни бројот на трки со оглед дека првите десет беа откажани.

Мерките ќе бидат специјално ублажени за елитните спортисти, па тие наместо 14 дена во карантин по влезот во Велика Британија, ќе поминат само седум.

Формула 1 според сегашниот план треба да започне на 5 јули во Австрија, каде исто така ќе се одржат исто така две трки. Потоа треба да следува трката во Унгарија на 19-ти јули.

Почетокот на август треба да се возат двете трки во Британија, а потоа следуваат Италија, Шпанија, Белгија…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ѓоковиќ за критиките: Им требаше големо име да биде виновно за се!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ веќе две недели е мета на напади поради тоа шт…